1. |
Пешки накај дома
03:17
|
|||
Tргнав пешки накај дома
слатката потребна доза
на самотија
се засркнав но на крај ја голтнав
по секој привид ќе посегнев
но на време го скрив
јас сум си својот дилер
а сепак си се кратам
од слободата
по пат сфатив неколку работи
се удрив во неколку рабови
на раменици на луѓе
кренати ко моите
одевме во ист правец
но се разминавме
зар не е тоа малку чудно
јас мислам дека не е
чудно воопшто
удобна е
оваа модерна кома
никогаш не
и верувај на удобност
|
||||
2. |
Прашина
05:14
|
|||
Ново топло место за да си го оставиш студот
Колку подолго ти студи, студот почнува да топли
страв ти е да го пуштиш, што ако смрзнам без него
Дали ќе бидеш тука, кога ќе дојде бура
Дали ќе изградиш куќа , со врата од слама со чума
Колку подолго ти студи, студот почнува да топли, страв ти е да го пуштиш, што ако смрзнам без него
Колку подолго ти жежи, жештината те гори, страв ми е ако не пуштам, жив ќе изгорам
|
||||
3. |
Свирни три пати
02:52
|
|||
Играва никогаш нема да заврши
Јас сум стрвен, а ти ми попушташ
Јас сум црвен, ти ми се потсмеваш
Мораше некој да го крене знамето
Мораше некој да запали светло
Мораше некој да свирне три пати
Разденето е
Инвестирам а знам дека пропаѓа
Инвестирам дека ми се допаѓа
Инвестирам во сите сетила
Не мора секој пат да има победник
Не мора секој пат да бидеш тоа ти
Не мора ништо, одјеби
|
||||
4. |
Анимирано месо
04:36
|
|||
Еве, подржи ми го срцето
Анимирано месо низаедно
Мојта душа, во твои е раце
Не се жалам на брзо, нестанување
Рушиш мостови
А реката ни да ја видиш
Сласт ти ствара, да турнеш некој
Во дувлото од бездни твои
Кревко раче, подаваш лаги
На секој со уво, и џеб
Доволнo голем, за сите твои лајна
Да ги напикаш, и да истече
И после ко пес, без млеко
ги молиш да ти дадат
Уште еден залак
Уште една коска,
да глодаш
дур не се претвори во прав
И пак да се задавиш
Tаму темнината се јаде
ниту зрак, да се напика
Некако да стаса, до твојта уста
веќе полна, со љубов лесно дадена
|
||||
5. |
Не сакам
04:29
|
|||
Ти видов отсуство на гајле
И погледот твој промашува
Жеден сум
Ме разминуваш, јас сум ништо
Потреба моја си
Секој миг кој не зборуваш со мене
Доцна е и небото е полно со смог
Одвратен град, евтино вино
Koe тече ко река низ нашите грла
И веќе не сакам
И стварно не сакам
Дека не те сакам
Оти никој не сакам
(Тоа е лага, ја сакам мајка ми)
Не сакам допир близу душата
Се крши мојот цврсто изграден оклоп од кал
|
Streaming and Download help
If you like Дивоградба, you may also like:
Bandcamp Daily your guide to the world of Bandcamp